
Криминалците секогаш се еден чекор пред правдата.
Оваа стара мудрост за судирот меѓу оние што го почитуваат законот и нивните заштитници – полицијата, од една страна, и малкутемина што живеат по сопствени правила и, според овие првите, искривени вредности, наречени криминалци, јасно покажува зошто криминалот отсекогаш постоел и ќе постои. Впрочем, доколку криминалците не би биле чекор пред другите, спроведувачите на правдата веднаш би ги фатиле и на нашите улици би биле безбедни.
Звучи неверојатно, но од оваа вечна борба произлегуваат и многу иновации. Дури и интернетот е создаден од американски научници како оружје против идеолошкиот непријател СССР во екот на жестоката разузнавачка војна, во која се користеа сите методи, вклучувајќи ги и тие на криминалците.
Но, битката со криминалната мрежа, иако залудна, како што покажуваа историјата, не се води за да биде сосема добиена, туку за да го ограничи ова зло, да го стави во одредени подносливи рамки. А, овде на Балканот, како и многу други работи, нештата се изместени. Криминалците одлично соработуваат, дури и кога нивните држави се во војна. Политичарите, пак, и нивните полиции не можат да се смислат едни со други, апсолутно не си веруваат.

Згора на тоа, балканската политика добро е подмачкана со криминал, инаку такви височини во својата кариера никогаш немаше да доживеат бандити како Аце Циганот, Петрит Аме, Бајруш Сејдиу, Легија и многу други.
За формирањето на БАЛПОЛ (Балканска полиција), за несоработката на регионалните и полиции и зошто балканските криминалци се чуствуваат комотно и за нив не постојат граници, читајте во последниот број од неделникот Република, кој е веќе во продажба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


