Господинот Груевски негува национализам и одбива да соработува конструктивно. Треба да ја почитувате одлуката на НАТО од Букурешт. Грција има направено многу чекори. Сега е на вас ред да направите чекори кон решение. Штом сакате да се интегрирате во НАТО и ЕУ треба да ги почитувате принципите на овие организации, но имате покажано дека не ги почитувате, порачала поранешната министерка за надворешни работи на Грција Дора Бакојани на прашање на Хилда Колевска од македонската амбасада во Австрија, пренесуваат грчките медиуми.
Според грчките медиуми, Бакојани рекла и дека македонските власти до сега имале повеќе можности да прифатат некои од предлозите на медијаторот Метју Нимиц, но секој од предлозите наидувал на „непоколебливиот став на премиерот Груевски“.
Настанот во Виена, на кој присуствувале многу странски дипломати и политичари, го организирал поранешниот австриски канцелар Волфганг Шисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии