| четврток, 6 декември 2018 |

Хју Џекмен откри дека имал рак

Хју Џекмен откри дека имал рак на кожата и дека бил на операција поради тоа.

Џекмен откри дека го отстранил ракот на кожата кој му се појавил на носот. Всушност тој забележал мала рана на носот, а неговата сопруга Дебора го наговорила да оди на лекар, кој констатирал дека се работи за рак на кожа.

– Луѓе таа беше во право! Имав карцином, ве молам немојте да бидете како мене, тестирајте се и користете крема за заштита од сонце – ова Џекмен им го порача на неговите фанови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top