| четврток, 6 декември 2018 |

ОЗХО побара приватни фирми да го уништат сириското хемиско оружје

Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) повика денеска приватни компании да се вклучат во уништувањето на сириското хемиско оружје.

Организацијата ги повика заинтересираните фирми за учество во „уништување на безопасните органски и неоргански хемикалии“ да предадат „документ за заинтересираност“.

Според анонимен претставник од таа Организација, повеќе од 700 тони сириско хемиско оружје може да биде уништено во комерцијални посторјки.

Најопасните хемикалии ќе мора да бидат уништени во обезбеден простор под надзор на Организацијата за забрана на хемиско оружје.

Досега не е одредено во која држава ќе биде уништено оружјето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top