| четврток, 6 декември 2018 |

Самсунг доминантен, Ајфон 5 не поминува

Доколку ви значат мобилните телефони и како статусен симбол и како потребна алатка, еве ви параметар- Самсунг е доминантен со три модели, Ајфон 5 е дури седми

Според листата на uSwitch за минатиот месец, Самсунг е суверен на трите челни позиции: Samsung Galaxy S3, Samsung Galaxy Ace и Samsung Galaxy S2.

Следат Nokia 100 и C2-01 како четврти и петти, а шести е LG Google Nexus 4.

Ајфон 5 на Ејпл беше само седми на листата најдобро продавани апарати во Велика Британија минатиот месец.

На дното на оваа листа на телефонски уреди се Lumia 800 и 610, додека iPhone 4S е десетти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top