Познатата српска пејачка и некогашна победничка на „Евровизија“, Марија Шерифовиќ, конечно, го призна она во што сите со години се сомневаат.
Во шокантниот документарен филм „Исповед“, чија премиера е на 27 ноември во Белград, таа открива дека е бисексуалка, дознава српски „Курир“.
– Марија во филмот откри дека е бисексуалка и призна дека сака постари жени. Дури и почесто била во сексуални односи со жени отколку со мажи – тврди за српски „Курир“ личност која учествувала во реализација на проектот.
Пред три години медиумите пишуваа дека Марија две години била во врска со поранешната мисица на Хрватска, Рената Лончаревиќ.
Во филмот, Шерифовиќ, освен за нејзиното сексуално определување, ќе зборува и за пороците, за растењето со проблематичниот татко, односите со колегите и многу детали од нејзиниот приватен живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова е една од најголемите тајни на Марија Шерифовиќ: Три пати била…
-
„Син ми беше клинички мртов“: Поради ова познатата пејачка ќе и биде благодарна на Шерифовиќ!
-
Не знаеше дека камерите се вклучени: Амиџиќ го коментираше сексуалниот живот на Шерифовиќ
-
Не е болест се што боли: Марија Шерифовиќ ја откри својата тајна опсесија!


