| четврток, 6 декември 2018 |

Масовна тепачка со ножеви во Шутка – двајца завршија в болница

tepacka1

15-годишно момче било претепано на автбуска станица во Шуто Оризари, а неговиот татко сомневајќи се во можниот напаѓач, заедно со братот на момчето, отишол во една куќа и со ножви го нападнал целото семејство.

Во мешаницата двајца биле повредени со нож и завршиле в болница.

МВР јави дека вчера околу 13.00 часот, на автобуска станица во Шуто Оризари непознат сторител без повод и причина физички го нападнал К.Ј.(15) од Скопје. По ова, таткото на К.Ј., С.Ј. (34) заедно со К.Ј. со ПМВ „пежо“ отишле  во куќата на  лицето  за кое се сомневале дека го нападнал К.Ј., каде што се собрале седум-осум лица со палки и нож, меѓу кои било и тоа лице, по што со нож на С.Ј и на К.Ј. им биле  нанесени повреди, а им  го оштетиле и  возилото. Од страна на СВР Скопје  се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top