| четврток, 6 декември 2018 |

Лондон ѝ дозволил на НСА да чува податоци за Британците

prislusuvanjeВелика Британија во 2007 година ѝ дозволила на американската Агенција за национална безбедносна  (НСА) да ги зачува адресите од електронската пошта на Британците, тврдат британскиот телевизиски „Канал 4“ и „Гардијан“ повикувајќи се на тајните документи обелоденети од Едвард Сноуден.
Според нив, британските власти ги измениле и ги модификувале постојните прописи за да им се овозможи на Американците да ги зачуваат информациите и сознанијата што ги собрале инцидентно за многу обични Британци.
Според договор меѓу Велика Британија и САД за делење разузнавачки податоци, стар 70 години, нивните разузнавачките агенции немаат право да собираат информации една за друга, односно Американците да чуваат информации за Британци без согласност на Лондон.
По 2007 година и измената на прописите, меѓутоа, на НСА ѝ е дозволено да го зачува за свои потреби податоците што ги има за Британци што не се осомничени за кривични дела.
Безбедносни стручњаци велат дека тоа, сепак, не е исто како и надгледувањето на електронската пошта или прислушањето на телефонските разговори, затоа што за ова и натаму е потребна согласност и посебен налог.
Британскиот Форин офис не ги коментира овие сознанијата нарекувајќи ги „обични шпекулации“.
Во посебно соопштение Министерството за надворешни работи, сепак, објаснува дека ако „некој е криминалец, опасен криминалец, шверцер од висок ранг или ако активнистите на определено лице се опасни по нациналната и економската безбедност, постои можност комуникациите на таков човек да бидат надгледувани“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top