Се одбележуваат 18 години од потпишувањето на Дејтонскиот договор со кој заврши војната во Босна и Херцеговина.
Република Српска, која настана со договорот, овој ден го слави како празник.
Дејтонскиот договор го парафираа тогашните претседатели на БиХ, Алија Изедбеговиќ, на Хрватска, Фрањо Туѓман и на Србија, Слободан Милошевиќ.
Со тоа и официјално беше означен крајот на три и полгодишната крвава војна во Босна и Херцеговина. На потпишувањето присуствуваше тогашниот американски државен секретар Ворен Кристофер, а самиот чин по тринеделни преговори беше извршен во воената база Рајт Петерсон, со што БиХ беше поделена на два ентитета, Федерација на БиХ и Република Српска.
Милошевиќ, Туѓман и Изетбеговиќ официјално го потпишаа договорот три недели подоцна, на 14 декември 1995 година во Елисејската палата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


