| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен министер на Албанија загина во тешка сообраќајка

oldasisokol

Во тешка сообраќајна несреќа кај месноста „Споменикот на Краба“, на влезот во новиот тунел на автопатот Тирана-Елбасан, синоќа загина Сокол Олдаши, поранешниот министер за транспорт и јавни работи на Албанија и актуелен пратеник во албанскиот парламент, јави дописникот на МИА.

Во сообраќајната несреќа загина и сопатникот на Олдаши, поранешниот директор на сообраќајната полиција Шкелзен Алиај.

Според полицијата, Олдаши патувал со сопственото возило марка „Ауди 7“ кое поради невремето на една од најопасните кривини излетало од патот и паднало во бездна.

Автомобилот е целосно уништен, а телата на починатите Олдаши и Алиај биле извлечени пред полноќ. На местото на несреќата пристигна и министерот за внатрешни работи, Саимир Тахири, пратеници од редовите на Демократската партија, поранешниот премиер Бериша, како и лидерот на демократите Љуљзим Баша.

Како што јави дописникот на МИА, Олдаши беше министер во Владата на Сали Бериша во периодот од 2007, па до септември годинава и имаше клучна улога во изградбата на автопатот на кој го загуби животот. Претходно, до 2005 до 2007 година, Олдаши беше и министер за внатрешни работи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top