
Полошкиот манастир Св. Ѓорѓи, во Кавадарци кој потекнува од првата половина на XIV век, е вклучен во World Monuments Watch (WMF) листата за 2014 година.
Полошкиот манастир е избран меѓу 67 локалитети, односно споменици на културата од 41 земја, и секој од нив претставува незаменливо сведоштво на човековите достигнувања и на различноста на културите од целиот свет.
Манастирот Св.Ѓорѓи во листата на World Monuments Watch е предложен од Националниот конзерваторски центар – Скопје (НКЦ), односно од м-р Јасминка Николиќ Новаковиќ, историчар на уметност – советник конзерватор и м-р Јехона Спахиу, историчар на уметност – виш конзерватор, кои ја подготвија апликацијата испратена до World Monuments Fund (WMF). Предлогот е поддржан од директорот на НКЦ, м-р Мемет Селмани, како и од Управата за заштита на спомениците на културата.

World Monuments Watch листата е формирана во 1996 години, на секои две години се дополнува со нови локалитети и споменици на културата ширум светот и претставува повик за акција кон зачувување на културното наследство кое се наоѓа во опасност од природните сили и влијанието на социјалните, политичките и економските случувања и промени.
WMW листата има за цел да го привлече меѓународното внимание за предизвиците и опасностите со кои се соочува културното наследство во целиот свет. Исто така, вклучувањето во листата обезбедува значајна можност за национално и меѓународно промовирање на културното наследство, како и значајна референца особено при изнаоѓање можности за финансирање на проекти за конзервација и реставрација, соработка и размена на искуства со други локалитети од листата, образовни цели итн.
Полошкиот манастир е четвртиот споменик на културата, локалитет од Македонија кој е вклучен во WMW листата по манастирот Трескавец, Прилеп (2006), црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид (2008) и археолошкиот локалитет Стоби, Градско (2012).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


