| четврток, 6 декември 2018 |

Егзекутиран масовниот убиец Џозеф Френклин

FRANKLIN

Американецот Џозеф Френклин, кој кон крајот на 70-те години од минатиот век напаѓаше Афроамериканци и Евреи, беше погубен денеска во американската држава Мисури.

Тој е егзекутиран поради убиство на еден човек и ранување на уште двајца пред синагога во 1977 година.

Френклин (63) кој беше осуден за уште седум други расно мотивирани убиства, тврдеше дека убил вкупно 20 луѓе.

Неговото погубување е извршено откако американскиот Врховен суд ја потврди пресудата на жалбен суд да се укине одложувањето на егзекуцијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top