
Србија успеа да добие една милијарда од вкупно три милијарди долари кредити по најповолни услови, кои Кина ги намени за 16 земји од централна и источна Европа, изјави денеска српскиот министер за сообраќај Александар Антиќ. Тој истакна дека еден дел од овие средства ќе бидат употребени за изградба на автопатот Белград-Чачак, а вториот дел за нов блок во термоелектраната „Костолац Б“ и за проекти во енергетски комплекс.
– Тоа е голем успех и за Србија како општество, бидејќи покажа дека има добри и адекватни проекти, нагласи министерот по потпишувањето на договорот вреден 700 милиони долари за проектот во Костолац.
Антиќ, кој е координатор на Србија за меѓународна соработка меѓу Кина и 16 земји од централна и источна Европа, додаде дека Пекинг планирал да пласира 10 милијарди долари кредити за инфраструктурни проекти во овие региони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


