
Известувачот за Македонија Ричард Ховит кој во Атина учествувал на конференција за социјална одговорност се сретнал со министерот за надворешни работи Венизелос.
Грчкиот вицепремиер ги отфрлил аргументите на Ховит дека Грција ќе може секогаш да ги блокира преговорите за членство доколку Македонија не биде конструктивна.
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит завчера во Атина за спорот и за можностите Македонија во декември да добие датум за преговори разговарал со шефот на дипломатија и вицепремиер во грчката влада Евангелос Венизелос, јави Канал 5.
Според информации на Канал 5 од Атина, Ховит со Венизелос имал краток приватен разговор во својство на известувач за Македонија на кој грчкиот вицепремиер му го повторил ставот дека без решение на спорот за името земјата нема шанса да добие датум за преговори на самитот на ЕУ наредниот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


