| четврток, 6 декември 2018 |

Без струја утре голем број улици во Ѓорче Петров и Кисела Вода

07112011155414_struja

Голем број улици во Скопје утре ќе бидат без струја, главно во Ѓорче Петров и Кисела Вода, но и во Карпош, Шуто Оризари и во Кондово.

Исклучувањата се поради интервенции што ќе ги вршат екипи на ЕВН Македонија Ад, заради унапредување на електродистрибутивниот систем.

Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Јакупица и Аилска (општина Кисела Вода).

Од 8 до 15:30 часот струја ќе немаат улиците 32, 30 и 18, во населбата Пинтија.

Oд 8:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата Сава Ковачевиќ и улицата 14 (општина Кисела Вода).

Од 9:30 до 12 часот, струја ќе немаат дел од корисниците од ул. Пекаабе 7, и 5А, и дел од потрошувачите на ул. Лука Геров (општина Ѓорче Петров).

Дел од корисниците од улицата Гарсија Лорка во населбата Шуто Оризари струја ќе немаат од 9:30 до 15 часот.

Oд 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улица 20 во село Сарај, ул. 100 во село Кондово, како и горниот дел од селото Копаница.

Од 10 до 15:30 часот струја ќе нема на улицата Жданец, од број 10 до број 20.

Од 10 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата Злате Михајловски (општина Ѓорче Петров).

Од 9:30 до 14 часот струја ќе немаат дел од корисниците од улица Скупи, односно објектите до телевизијата Канал 5.

Од 11 до 15:30 часот исклучени ќе бидат корисниците од број 16 до број 2 на улицата Жданец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top