Деведесет и осум компании од различни сектори се пријавиле за вклучување во владиниот проект за обезбедување странска експертска помош.
Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев денеска изјави дека одѕивот од компаниите е голем и оти резултатите се над очекувања, што покажува дека проектот е добро осмислен.
Проектот сега влегува во втора фаза што значи дека ќе се посетуваат компаниите за да се утврди каков профил на стручњаци им се потребни. Се очекува експертите да бидат ангажирани во компаниите на крајот на јануари или почетокот на февруари.
Меѓу пријавените компании, најмногу се од преработувачката индустрија, ИКТ, услужните дејнсоти, трговијата и земјоделството. Ѓорѓиев потенцира дека особено радува што ги има од секаква големина од пет па до над 700 вработени од сите делови на земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владините субвенции го кренаа земјоделството на нозе – научната јавност ја поздравува нивната распределба
-
Иванов се запиша во историјата како бранител на државните интереси!
-
99 отсто од децата пијат премногу млеко
-
Според експертите: Граѓаните ќе гласаат за завршување на кризата и решавање на проблемите