| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ тврди дека мундијалот во Бразил нема да биде интересен без него

Репрезентацијата на Шведска не успеа во намерата да обезбеди пласман на престојниот Мундијал во Бразил, а контроверзниот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ, по натпреварот со Португалија, изјави дека најважниот фудбалски настан во 2014 година е ништо без него

 Sweden training
„Ова е најверојатно последниот мој обид да играм на еден Мундијал. Едно е сигурно, Светското првенство без мене е ништо. Нема потреба да се гледа, не вреди да се гледа и да се чека стартот на натпреварите. Честики до репрезентативците на Португалија, но и двете репрезентации заслужија да бидат дел од Мундијалот во Бразил. Нормално дека сме многу разочарани. Светското првенство и понатаму ќе остане само сон за репрезентативците и за најверните фанови на Шведска“, изјави напаѓачот на ПСЖ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top