Најавите на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека ќе ги тужи земјоделците што го поврзале неговото име со отровните корнишони што ни ги врати Хрватска, како и медиумите и пораталите што ги објавиле таквите информации дефинитивно се закана, оценуваат комуниколозите за последниот потег на опозицискиот лидер. Тие за денешен Дневник велат дека дури и да има основа за тужба и намерата на Заев да била да испрати порака до политичките неистомисленици, ваквиот говор се сфаќа негативно и од страна на политички неопределените граѓани кои во суштина очекуваат позитивен пристап од политичарите, а не ваков негативен говор.
– Секоја јавна најава за тужба, другата страна ја толкува како закана и затоа во јавните комуникации најавите за тужби се одбегнуваат, односни тие имаат негативен тон, а не тон на подадена рака и на разбирање што би се очекувало од еден политичар – велат експертите за односи со јавноста.
Од сигурни тужбите станаа „евентуални“
Лидерот на СДСМ во текот на вчерашниот ден доби и критика за својот потег и од сите еснафски здруженија на земјоделците, особено затоа што тие по идеолошка природа како гласачи треба да му припаѓаат на СДСМ, а само неколку часа претходно неговата партија најавуваше токму мерки во делот на земјоделството.
Ден по најавите за тужбите од страна на Заев, неговата партија ретерира од остриот говор на нејзиниот лидер. Тужбите од сигурни станаа „евентуални“. Иако Заев звучеше прилично сигурно дека точно знае против кого и за која формулација од изјавите и објавените информации ќе поднесе тужба за клевета, од СДСМ вчера не ни одговорија колку тужби се подготвуваат, против кого и за што.
– Правната основа, бројот и формулациите во евентуалните тужби ќе ги дефинира адвокатскиот тим врз основа на законските одредби – велат од партијата на Заев.
Од партијата сметаат дека „континуираната дрска и агресивна медиумска кампања единствено има цел да ги наруши угледот и честа на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и на целото негово семејство. Велат било хајка која „власта ја води преку медиумите под нејзина контрола“, атужбата е последниот можен начин медиумите да престанеле со тоа.
Експертите за односи во јавноста велат дека Заев згрешил во комуникацијата во однос на неговата инволвираност во случајот со отровните краставици.
– Не може да се прави голема споредба кога тужбите за медиуми доаѓаат од страна на власта со оние што доаѓаат од страна на опозицијата, бидејќи власта, не само како политичка моќ, туку има и законски надлежности да биде поодговорна во делот на слободата на медиумите. Сепак, и опозициските политичари имаат моќ и одговорност да придонесуваат за поголема слобода на говорот. Последниот чекор што требаше да биде направен во овој случај е заканата со тужби. Прво, требаше да има повик за дијалог, да се побара јавно расчистување на работите или, пак, јавно да се презентираат докази дека не постои инволвираност, па потоа да се реагира со тужби, ако има основа за тоа – вели комуникологот Гоце Пачемски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцот Чарлс има афера со позната актерка
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји