Манекенката Кејт Аптон повторно е сама, откако нејзиниот дечко, кој по професија е танчер, ја бацил поранешната девојка за време на една ТВ емисија, по што Кејт решила да го остави.
Како што пишуваат американските медиуми, Максим Чемеровски многу ја налутил својата девојка. Тој и неговата поранешна девојка Карина Смирноф си размениле бакнеж во реалното шоу „Танц со ѕвездите“ пред камерите.
Кејт дефинитивно не била воодушевена од неговата постапка.
Инаку Максим кој е 12 години постар од Кејт е професионален латино танчер со потекло од Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.