| четврток, 6 декември 2018 |

Вицепремиерот пред бизнис заедницата во Минеаполис

Владиниот економски тим предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски денеска ги презентираше условите за инвестирање и водење бизнис во Македонија пред бизнис заедницата во Минеаполис. Бизнис настанот се одржа во соработка со трговската канцеларија на сојузната држава Минесота, економскиот клуб од Минеаполис како и глобалната правна компанија Dorsey & Whitney LLP. На настанот земаа учество четириесетина представници на компании од областа на Минеаполис кои најмногу се интересираа за можностите за производство во Македонија во секторот на медицински производи, компоненти за возила како и информатички технологии.

IMG_2

 Делегацијата оствари и директни средби со неколку глобални компании со седиште во околината на Минеаполис кои се занимаваат со производство на специјални возила како и медицински производи. На средбите економскиот тим имаше можност да ги презентира можностите за инвестирање во Македонија како и да се запознае подетално за производствените процеси на компаниите и нивните идни планови за експанзија на Европскиот континент.

IMG_5

 Минеаполис беше последен од неколкуте градови во Средозападниот регион на САД кои ги посети делегацијата за време на ова инвестициско роудшоу.

Претходните денови беа одржани бизнис форуми и посети на компании во Кливленд, Индианаполис и Милвоки. Економскиот тим на ова инвестициско роудшоу го сочинуваат Вицепремиерот Владимир Пешевски, Министерот за Странски Инвестиции, Бил Павлевски, Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, Амбасадорот во САД, Зоран Јолевски и Економскиот Промотор, Дејан Величков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top