| четврток, 6 декември 2018 |

Лео не губи време – ја однесе Миранда на вечера

Популарниот глумец Леонардо ди Каприо не сакал да губи време сега кога манекенката Миранда Кер е повторно слободна.

Тие се видени со друштво на вечера во Лас Вегас, каде што седеле еден наспроти друг, а ова не е прв пат тие двајца да ги гледаат како двојка.

Еден од најпосакуваните ергени во Холивуд Леонардо ди Каприо, кој на сите им е познат по тоа што до сега бил во врски со многу познати манекенки, сега најверојатно решил да го освои и поранешниот ангел на Викторија, Миранда Кер, која неодамна го потври разводот од нејзиниот сопруг, глумецот Орландо Блум.

Што би рекол Орландо на овој состанок кога се знае дека Леонардо сака да биде во друштво на манекенки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top