На средбата одиграна во Тиват, Црна Гора, кошаркарите на Кожув славеа победа во дуелот против Теодо со 80:74 по четвртини 14:14, 19:13, 20:27 и 27:20. Решавачки беше третиот период, кој го добија избраниците на тренерот Марјан Србиновски со 19:13, а во првиот резултатот беше нерешено 14:14.
Во второто полувреме и двете екипи добија по еден период со идентичен резултат 27:20, па на крајот Гевгеличани беа оние кои се радуваа на победата.
До четвртата победа Кожув го предводеа Миладин Пековиќ со учинок од 27 поени и 10 скокови и Димитар Мираковски кој постигна 22 поени.
Претходно кошаркарите на Куманово пред својата публика го совладаа бургаскиот тим Балкан со 87:73.
За денеска закажан е и последниот натпревар меѓу Галил Гилоба – Левески.
Табела: Кожув 4-1 (победи-порази), Сигал Приштина 3-1, Куманово 3-1, Теодо 3-4, Левески 2-2, Крајова 2-2, Балкан 1-3, Галил Гилоба 2-0 и Пеќ 0-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.