| четврток, 6 декември 2018 |

Либиската армија ќе се обучува во Бугарија

САД планираат мала мисија за обука на либиски војници во Бугарија, со цел да се изгради армија која би воспоставила ред во Либија.

Од уривањето на режимот на либискиот водач Моамер Гадафи во 2011 година, новите власти во Триполи не успеаја да воспостават цврста контрола врз Либија. Поради тоа, САД предвидуваат воената мисија во Бугарија да трае повеќе години и во нејзини рамки да се обучуваат мали групи либиски војници, кои по обуката ќе се вратат во Либија во составот на регуларната армија, а на нивно место ќе дојде нова група регрути. Целта би била да се обучат меѓу пет и седум илјади војници и една мала единица за специјални операции.

И бугарските власти пред неколку месеци најавија дека е можен ваков договор, кој би траел и до осум години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top