Делегација на Градот Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски и претседателот на Советот, Ирена Мишева, денеска положи цвеќиња на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Во црквата беше одржана литургија на Македонската православна црква, а по повод 141 година од раѓањето на еден од најголемите македонски револуционери настапи и мешаниот градски хор „Вардар“ под диригентско водство на Јасмина Ѓорѓеска-Серафимова.
Еден час подоцна, делегација од Градот, како и високи државни и официјални делегации положија цвеќе и на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот Македонија, како и на споменикот во Градскиот парк во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Борисов Гоце е Бугарин: Прво со Заев отидовме на гробот на нашиот светец и херој Делчев, сега тој е тука!
-
Одбележани 115 години од смртта на Делчев: Владина делегација положи цвеќе на гробот на великанот
-
Во Макекдонија се одбележуваат 115 години од смртта на Гоце Делчев
-
Борисов доаѓа денеска во Скопје на одбележувањето 75 години од депортацијата на македонските Евреи