| четврток, 6 декември 2018 |

Поповски: Околу 25% од работниците работат на црно

vlatko popovski

Според последните мерења што ги направија Организацијата на работодавачи и Конфедерацијата на работодавачи, околу 25% од луѓето кои работат во фирмите се вработени на црно.Најголем дел од нив се пријавуваат во Агенцијата како невработени лица или како други лица кои што бараат работа, вели директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски во интервју за Лидер.

Поповски смета дека во „една бројка од 130 илјади луѓе кои се пријавуваат како други лица кои се пасивни баратели на работа, најверојатно има вработени на црно кои работат на црно и се ангажирани односно остваруваат профит за себе и своето семејство“.

– Ако годишно во Македонија имаме 74 илјади корисници на субвенции по однос на земјоделие. Од нив, во активни невработени се најдоа некаде околу 25 илјади лица и уште 20 илјади кои се надвор од евиденција, значи околу 45 илјади корисници на субвенции се надвор од регистрацијата на работен однос, вели Поповски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top