Откако ја крена јавноста на нозе со учеството во реалното шоу Големиот брат”, во кое собра храброст и ги покажа голите гради пред широкиот аудиториум, Анета Наковска повторно ќе изненади. Овојпат откри дека ќе имаме можност да ја видиме и слушнеме во издание во какво досега сме немале можност, пишува Вечер.
Ќе направам бум, ќе се претставам со нешто што не личи на мене, а сето тоа го подготвувам премиерно за фестивалот “Роса”. Работам турбо и подготвувам нови песни за албумот кој треба да го промовирам најдоцна кон крајот на февруари следната година”, вели фолкерката, која не сакаше да открие ништо повеќе за песната, и секако стајлингот со кој ќе треба да се појави на сцената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.