| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: Земјите на Балканот треба да формираат Балкански совет за да бидат посилни

Државите на Балканот не мораат да се сакаат меѓусебно, но треба да соработуваат затоа што тоа е во нивни интерес, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ за телевизиската станица „Ал џазира“.

Според Дачиќ, земјите од регионот треба да се обидат да создадат Балкански совет, кој ќе има улога да придонесе за да бидат посилни.

 

– Тоа не е нова Југославија. Сигурно дека БиХ е поблиска од Литванија, а Литванецот кога ќе дојде во Србиа има поголеми права отколку Хрватот. Мислам дека тоа не  е праведно – рекол Дачиќ.

 

Премиерот на Србија, исто така, нагласил дека државите и народите на Балканот мораат да соработуваат, без оглед на нивната историја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top