Викендов, на улиците низ Скопје, екипа на Вечер, заедно со патролите на сообраќајната полиција беше во акциска контрола која беше организирана да се провери колку скопјани возат под дејство на алкохол.
– На булевар Словенечка, сообраќајна полициска патрола правеше контрола за брзината на движење на автомобилите на овој булевар. Тука максимално дозволената брзина е 60, но во моментот кога екипата на “Вечер” дојде на местото, БМВ-то со скопски таблички беше фатено како се движи со 97 км на час. Оваа бројка ја покажа радарот кој полицаецот го држеше вперен кон БМВ-то. Возачот со себе немаше возачка дозвола, поради што следеше контрола на неговиот идентитет и контрола на возилото. Секако, доби казна од 350 евра за брзо возење, пишува Вечер.
Во случај да одбиваат да дуваат во дрегер, со измени на Законот за безбедност во сообраќајот, сега веќе не ги водиме “инаетливите” возачи на вадење крв туку полицаецот ја има таа должност веднаш да напише казна од 500 евра, еднаква на највисоката казна за возење под дејство на алкохол”, појаснуваат од сообраќајната патрола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре