Тринаесет малолетници откри полицијата кои во четвртокот и петокот претепаа двајца ученици во автобусите на ЈСП со број 33 и 7,, јави „24 вести“. Насилниците се од Скопје, Арачиново, Батинци, Студеничани, Рашче и Грчец. Двајца од нив учествувале во двата инциденти, а четворица од тепачите кои веќе имаат досиеја за сторени насилства заработија кривични пријави.
Во првиот случај било извршено насилство врз 17-годишен ученик кој во автобусот број 33 без повод и причина бил нападнат од осум малолетници. Поради видливите повреди на ученикот му беше дадена лекарка помош.
Во вториот случај во автобус со број 7 од пет напаѓачи претепан беше 15-годишен средношколец.
За полицијата сеуште се непознати десетте лица маскирани лица кои со палки претепаа осум ученици во Стајковци во автобусот со број 65.
Бројот на малолетници кои годинава учествувале во инциденти изнесува 150 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)