| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа сезоната на сексот

Иако со првиот пад на температурите и предвременото стемнување, паѓа и расположението, не е сѐ така црно.

Британска фирма „Ловехани“ спроведе истражување на 114 мажи и побара од нив во период од една година, односно на секои три месеци, да ја оценат атрактивноста на жените. Резултатите открија дека привлечноста на женското лице останала речиси непроменета во текот на годината, но, како што се менувале сезоните, се менувала и нивната напаленост по женското тело.

Најмногу привлеченост кон понежниот пол, мажите покажале од декември до февруари. Исти резултати се добиле и во случаите на самци и кај мажите со партнерка.

Една теорија за тоа зошто жените им изгледаат попривлечни во зима, е дека тие покажуваат многу помалку кожа во текот на постудените месеци, што кај  мажите автоматски ја разгорува фантазијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top