| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува аплицирањето за самовработување

Нови 930 невработени лица ќе можат да отпочнат сопствен бизнис со програмата за самовработување

Денес почнува првото аплицирање за програмата за самовработување, а вториот оглас ќе биде отворен во месец мај. Според министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, донесена е одлука обуките низ кои треба да поминат апликантите да траат пет дена, што ќе помогне да се изработи поквалитетен бизнис план.

Ќе бидат обезбедени над 200 илјади денари, од кои 185 илјади се неповратни за набавка на опрема и репроматеријали.

За оваа мерка на Владата со која директно се помага за намалување на невработеноста, минативе години имаше огромен интерес

Минатата година беше отворен оглас за 900 лица на кој аплицираа 4.783 лица.

Директорот на агенцијата за вработување Влатко Поповски истакна дека е голем процентот на така отворените бизниси кои со години опстојуваат како успешно, односно 85% од лицата кои добиле помош за почнување на бизнис, се уште се во работен однос.

Најчесто се аплицира за отворање на сопствени бизниси во трговијата, малите занаетчиски бизниси и земјоделието.

Изминативе години со ваквите владини проекти беа регистрирани 4.840 нови бизниси

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top