Трисетгодишниот Јанче Дојчиновски, одржувач на машини во рудникот за олово и за цинк „Саса“ во Македонска Каменица, починал од повредите што ги добил кога врз него паднала машината со која поправал камион.
Менаџерот за развојни инвестиции во „Саса“ Максим Прохоров информира дека несреќата се случила утрината околу 6 часот додека Дојчиновски работел на поправка на рударски камион во јамата и во критичниот момент машината паднала врз него.
Проховор вели дека Дојчиновски по несреќата бил свесен и веднаш со возило е упатен кон болницата „Систина“ во Скопје, но пред Кочани му се влошила состојбата и е пренесен во кочанската болница каде што починал.
Во моментов во рудникот „Саса“, увид вршат екипи на полицијата, истражен судија и јавен обвинител.
Дојчиновски е роден во селото Саса, живеел во Македонска Каменица и е родител на две малолетни деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.