| четврток, 6 декември 2018 |

„Блекбери“ одвои милион долари плата за директорот, но ако е успешен

h_51088778Новиот привремен извршен директор на „Блекбери“, Џон Чен, ќе добие годишна плата од милион долари и уште два милиони долари во бонуси врз основа на резултатите.

Сепак, тоа не е сѐ. Чен, кој се соочува со тешка задача да го запре паѓањето на поранешната водечка компанија во секторот на мобилните услуги, ќе добие и 13 милиони во акции од компанијата. Акциите на „Блекбери“ се проценуваат на вкупна вредност од 85 милиони долари.

Доколку Чен не успее во задачата, средствата што ќе ги заработи ќе бидат далеку „помали“. Ако биде предвремено отпуштен, ќе му бидат исплатени сите плати што му следуваат за таа година и дополнителни шест милиони долари бонус за следните 18 месеци.

Ова е можеби последна шанса за спас на „Блекбери“. Акциите на компанијата од почетокот на годината се намалија за 45 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top