Градежен работник завршил со тешки повреди додека работел на објект во Скопје. Според податоците од полицијата, се работи за 59-годишниот С.Р. од кумановското село Љубодраг, кој е вработен во фирмата „Бетон“. До страотната несреќа дошло кога работникот паднал од височина од околу осум метри додека работел на објект, вчера околу 13.30 часот.
Градежникот веднаш бил пренесен во градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде што е задржан на лекување.
Кумановецот се здобил со скршеница на ногата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.