| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 14 загинати во поплави во Италија

Најмалку четиринаесет лица загинаа, а неколку се водат како исчезнати во поплави на италијанскиот остров Сардинија, предизвикани од бурата Клеоптара, проследена со силен ветер и обилни врнежи, што вчера го погоди северозападниот дел на Медитеранот.

Поради поплавите, неколку стотици лица беа принудени да ги напуштат своите домови, кои останаа под вода. Италијанските телевизии емитуваа снимки на поплавени населени места и реки излеани од своите корита.

Од поплавите најтешко е погоден градот Олбија во североисточниот дел на Сардинија, каде што, според градоначаникот, штетите се „апокалиптични“. Според него, на одредени места нивото на водата од поплавите достигнало и до три метри.

Локалниот весник „Униони Сарда“ информира и за неколкумина исчезнати лица. Меѓу загинатите е и еден полицаец, кој заедно со полициското возлило што го управувал завршил во водите на реката Доргали, кога се урнал мост по кој се движел. При друго уривање на мост загинале уште три лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top