| четврток, 6 декември 2018 |

Потрошени 10.000 евра – сѐ уште нема ревизија на „Скопје 2014“

Zernovski-10 (2)

Иако беше најавено дека за 90 дена ревизорите на Жерновски за проектот „Скопје 2014“ ќе излезат со резултатите од втората фаза на ревизијата и по речиси 100 дена од прибраните податоци нема ништо. Ниту Тасева ниту Малиновски не излегоа со податоци во јавноста иако за тоа граѓаните на општина Центар ги платија со 10.000 евра.
Опозицијата во Центар денеска реагираше дека СДСМ и Жерновски си ги платиле своите партиски кадри, а во „Скопје 2014“ не успеале да најдат ништо.

– Иако Жерновски најавуваше дека работата на оваа комисија ќе заврши за само 90 дена, тие и по работа долга 180 дена не открија ништо незаконски и нелегално во овој проект. Со ова се потврдува дека комисијата беше создадена со популистички намери и дека нејзиното формирање е само хајка која се користеше за политички цели, без аргументи и докази – велат советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Центар.

Во соопштението се вели дека со ова се одзема еден од главните аргументи за критика на Жерновски и неговата коалиција предводена од СДСМ.

– На тој начин се поврдува дека СДСМ и градоначалникот Андреј Жерновски ја лажеле јавноста со низа измислици и неаргументирани критики. Комисијата на Жерновски, освен по скапите дневници исплатени на нејзините членови, не може да се памети по ништо друго делотворно – стои во соопштението.

Малиновски и Тасева последните резултати ги објавија на 12 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top