
Хрватските фудбалери не се многу загрижени за реванш-натпреварот против Исланд судејќи по однесувањето по првиот бараж-натпревар, пишува исладнскиот портал „Visir.is“, кој тврди дека осум хрватски репрезентативци по натпреварот со Исланд испиле дури 70 пива.
Порталот дури и ги наведува по име фудбалерите што го направиле „чудото“ (Марио Манџукиќ, Дарио Срна, Никица Јелавиќ, Ведран Чорлука, Нико Крањчар, Едуардо да Силва, Матео Ковачиќ и Домагој Вида), како и дека веселата забава траела до четири часот наутро.
Хрватските медиуми, сепак, не веруваат во пишувањата на Исланѓаните, сметајќи дека станува збор за ниски удари и дека ова е само обид да се наруши атмосферата во репрезентацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


