| четврток, 6 декември 2018 |

Вечното српско дерби заврши со победа на Црвена Звезда

Вечното српско дерби помеѓу Звезда и Партизан заврши со победа на Црвена Звезда во тесна борба, со резултат 83:86

Трилер-дерби во Србија со хепиенд за Ц. Звезда

 И со таков комбиниран тим избраниците на тренерот Вујошевиќ доминираа во првата четвртина, кога стигнаа и до предност од 11 поени. „Црвено-белите“ сепак успеаја да се вратат, на полувреме се замина со предност на Партизан од 39-38, а потоа како одминуваше времето така беше јасно дека мечот ќе биде неизвесен буквално до последната секунда. Црвена звезда имаше предност од два поени и последен напад, но Блажиќ промаши тројка, па Ловерњ на една секунда до крајот беше прецизен од рекетот и го одведе мечот во продолженија.

Центарот Бобан Маријановиќ беше главна фигура на овој натпревар со 27 поени и 6 офанзивни скокови, Нелсон постигна 15 поени, додека Џенкинс реализираше четири тројки од исто толку обиди за 13 поени. Кај Партизан најпрецизни беа Богдановиќ со 22 и Милосављевиќ со 20 поени.

Резултати 8. коло: 

Партизан – Ц. звезда 83-86 (по прод.), Задар – МЗТ Скопје 72-70, Игокеа – Шолнок 72-58, Будуќност – Олимпија 76-78, Крка – Цибона 66-77, Цедевита – Раднички К. 79-71, Мега визура – Широки б. 82-73.

Табела: Ц. звезда 6-2, Цедевита 6-2, Партизан 6-2, Будуќност 5-3, Игокеа 5-3, Цибона 5-3, Мега визура 4-4, Задар 3-5, Шолнок 3-5, МЗТ Скопје 3-5, Крка 3-5, Раднички К. 3-5, Широки 2-6, Олимпија 2-6.

 

Фото: telegraf.rs

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top