| четврток, 6 декември 2018 |

ЈСП ќе ја снима безбедноста

jsp1Со засилени контроли во автобусите и вистински видеонадзор, Јавното сообраќајно претпријатие од Скопје ќе ја зголемува безбедноста на патниците.

Според раководството, ќе се вработат уште четворица контролори кои ќе се грижат за безбедноста во автобусите на проблематичните линии каде што се случуваат инциденти, како оној пред неколку дена во автобусот со број 56 кога повредени од непознати, маскирани лица беа осум деца. Од ЈСП најавија дека ќе набават и 50 снимачи наменети за камерите во автобусите, кои досега не снимаа, туку само пренесуваа слика до возачите.

-Во тек е процедурата за набавка на снимачи со кои ќе можеме да ги утврдиме сторителите на инциденти. Ние имаме постапка за набавка на 50 снимачи, кои ќе бидат поставени во автобусите на понебезбедните линии. Снимачите ќе ги купуваме неколку години, бидејќи тоа е финансиски товар- појасни директорот на ЈСП, Мишо Николов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top