| четврток, 6 декември 2018 |

Социјално загрозените од декември на работа

rabotaСоцијално загрозените од втори декември ќе почнат да работат. По долги години чекање на работно место, 1600 семејства ја дочекаа својата среќа. Од Скопје, денеска 300 лица потпишаа договори. Тие се заблагодарија до македонската Влада што им даде ваква можност, вработување кое ќе помогне на нивните семејства. До крајот на неделава договор ќе потпишат сите 1600. Ќе бидат повикувани по региони.

Од 2-ри декември, овие лица ќе го започнат својот работен однос, во Македонски шуми или во друг дел од јавната администрација. Комисијата во целост ги разгледа и жалбите од оние кои конкурираа, но не добија работа. Изборот беше направен согласно објавените критериуми и опфаќа четири групи лица и тоа долгорочно невработени со повеќе од 10 години без работа, лица од многудетни семејства, самохрани родители и еднородителски семејства и невработени лица од семејства каде нема ниту еден вработен.

За секоја од овие категории беа предвидени  по 400 вработувања при што во рамките на секоја група има вработувања за лица со ниски квалификации, со средна стручна подготовка и за лица со високо образование. При изборот водена е сметка и за правичната застапеност на етничките заедници. Од избраните, најголем дел, 976 се неквалификувани, со средно или вишо образование и 152 со високо образование.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top