Американскиот Врховен суд одбил да ја преразгледа одлуката за постоењето на специјализираниот суд кој издава одобренија на разузнавачките служби за прибирање информации за претплатниците на најголемиот мобилен оператор „Verzion”, пренесе Макфакс.
Како што пренесува во понеделникот американската телевизиска мрежа ABC, правото на Агенцијата за национална безбедност НСА да прибира податоци за периодот и траењето на телефонските разговори се обидел да го оспори националниот Центар за заштита на личните електронски податоци, обраќајќи се до Врховниот суд на САД.
Како што во август пишуваше весникот Вашингтон пост внатрешната истрага на НСА чии резултати биле подготвени во мај 2012 година, покажала дека во претходните дванаесет месеци биле регистрирани 2.776 инциденти на неовластено собирање, складирање, пристапување или дистрибуција на правно заштитени комуникации.
Откако поранешниот соработник Едвард Сноуден откри дека британските и американските разузнавачки агенции собираат податоци за телефонски разговори и интернет активност во неколку земји, повеќе компании добија дозвола да ја објават воопштената статистика за барањата на властите на САД кои се однесуваат на податоци за нивните корисници. Kомпаниите имаат намера да добијат дозвола да ги објавуваат редовно следниве информации: бројот на владините барања, бројот на корисниците или адресите во однос на кои биле побарани информациите, бројот на барањата од властите за содржината на личната преписка на корисниците.
Покрај тоа, компаниите сметаат дека американската влада, исто така, треба да објавува статистички податоци за барањата кои се однесуваат на лични податоци на граѓаните. Во писмото беше наведено и дека објавувањето на општите информации за работата на правосудните органи не се меша со спроведувањето на истрагата, и сличните информации за активностите на безбедносните служби „е многу важно за граѓаните на САД”.
„САД мора да станат иноватор во создавањето на механизми за транспарентност, одговорност и почитување на граѓанските слободи и човековите права од страна на државата”, се цитираше текстот од писмото од јули годинава, коешто покрај наведените компании е отпишано и од AOL, Dropbox, LinkedIn, Mozilla и организациите Human Rights Watch, Wikimedia Foundation и Репортери без граници.
Како што беше објавено кон крајот на јуни, по сведочењето на поранешниот вработен во централната американска разузнавачка агенција CIA и консултант во NSA а работел и како вработен на контракторот во компанијата за безбедносни прашања и обезбедувања „Booz Allen Hamilton”, интернет компаниите Microsoft, Yahoo, Google, Facebook, PalTalk, AOL, Skype, YouTube и Apple одобриле директен пристап на своите сервери на NSA во рамките на програмата за следење на комуникациите PRISM.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


