
Желка, паун, петел, пајак, птица, пеперуга, був, полжав, штрк, но и клавир и коцки ги красат зелените површини на булеварите и на плоштадите во Скопје. Град Скопје, поради збогатување на хортикултурните содржини во парковите, програмски преку ЈП Паркови и зеленило, почна со поставување цветни скулптури, а досега се поставени 11 цветни дизајни во форма на предмети или животни.
Изборот се врши врз основа на хортикултурното уредување на просторот и естетска процена за решение кое одговара за тој простор. Металните костури за фигурите ги изработуваат учениците од средо уметничкото училиште Лазар Личеновски, со материјал што е обезбеден од наша страна – велат од Град Скопје.
Тие додаваат дека сите цветни аражмани од ваков вид, покрај естетско-хортикултурно уредување се инсталиираат и со систем за полевање.
-Инсталациите се опремени со минливи сезонски аражмани и во два наврати годишно се облагородуваат со пролетно-летен расад и со есенско-зимски расад. Овој проект ќе продолжи и понатаму да се реализира со имагинација на интересни цветни инсталации во зелените површини во соработка со средно уметничко училиште и ЈП Паркови и зеленило – додаваат од Градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


