| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбен „Кам маркет“ во Куманово

Вооружен и маскиран крадец го ограбил маркетот „Кам“ на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

Напаѓачот влегол во маркетот пред крај на работното време околу 21 часот и веднаш го репетирал пиштолот. Пришол до продавачката што ја редела стоката на еден од рафтовите и ѝ наредил да отиде до касата за да му го даде пазарот или ќе пука во неа. Исплашената жена го послушла и од касата му дала околу 12.000 денари. Кога ги зел парите, напаѓачот побегнал. Грабежот веднаш бил пријавен во полиција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top