| четврток, 6 декември 2018 |

Викиликс: Венизелос е роден како Туркоглу и е креатор на ембаргото кон Македонија

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос, носел родено презиме Туркоглу, што во превод од турски јазик значи „син на Турчин”, но го сменил за да напредува во својата политичка кариера.

Според дописникот на МИА од Брисел, оваа информација ја доставила американската амбасада во Атина до својата централа, а неодамна преку веб-сајтот „Викиликс“ излезе во рамки на откриените коресподенции на дипломатските преставништва на САД низ светот.

– Документот на американската амбасада во Атина, откриен од страна на „Викиликс“, ги потврдува долгогодишните гласини дека првичното име на господин Венизелос, лидер на партијата ПАСОК и министер за надворешни работи на Грција, било Туркоглу (што на турски јазик значи „син на Турчин”). Овој факт сам по себе нема да има значителна вредност, но би можел да имплицира дека министерот го променил своето презиме оти проценил дека тоа ќе биде пречка за неговата политичка кариера – се наведува во објаснувањето на американската депеша на страницата на посочени интернет-сајт предводен од Џулиан Асанж.

– Неговото разбирање на прашањата од одбраната е минимално во моментов, иако неговите поддржувачи укажуваат дека тој „брзо учи” и ќе направи сѐ отсуството на практично искуство да го надомести со својот извонреден работохоличен пристап, се завршува во овој документ на Амбасадата на САД кај нашиот јужен сосед.

Според неговата официјална биографија, тој не е поврзан со поранешниот грчки премиер Елефтериос Венизелос иако носат исто презиме, кое според американската администрација тој го променил за да напредува во кариерата.

Според официјалните податоци, Венизелос е директно вмешан во спорот за името „Македонија“ во периодот кога елементи во Грција се спротивставуваат на употреба на името „Македонија“ од страна на новата независна Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top