| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН ја почна акцијата „Недела за грижа на старите лица“

ЕВН ја почна големата акција за поддршка на сите активности на Црвениот крст во насока на зголемување на грижата за старите лица во земјава по повод одбележувањето на „Неделата за грижа на старите лица“.

Старите лица во републиката во текот на оваа недела ќе имаат можност да направат бесплатен преглед на шеќерот во крвта и на крвниот притисок. Паралелно со оваа помош, ќе се организира и кампања за подигнување на свеста кај населението за важноста и нужноста за грижата и негата на старите лица.

Поддршката од ЕВН Македонија ќе продолжи со донирање средства за работа на теренските тимови на Црвениот крст, кои даваат помош на стари лица во домашни услови. Центри за грижа на стари лица веќе постојат во Скопје, Велес и во Крива Паланка, а ЕВН ќе овозможи да се оформат нови центри во Кичево и во Дебар.

Волонтерите на Црвениот крст ќе поминат обука за безбедност и заштеда на енергија, а своите знаења ќе можат да ги пренесат на нивните штитеници.

Со овие донација ЕВН Македонија покажува волја и голем придонес за грижата на една од позаборавените социјални категории на граѓани во Македонија. Партнерството со Црвениот крст за доброто на социјалнозагрозените лица трае веќе неколку години. Одличната соработка оовозможува партнерството да биде долгорочно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top