Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар, односно денот кога падна овој град, денеска се одбележува со две колони, во едната е хрватска државна делегација во која се претседателот Иво Јосиповиќ, претседателот на Саборот, Јосип Леко, и премиерот Зоран Милановиќ, додека во втората се припадници не ветераните за одбрана на хрватски Вуковар.
Поделбата на две колони е последица на неколкунеделните судири меѓу вуковарските ветерани и полицијата и нивното противење за воведување двојазичност во градот.
Претседателот Јосиповиќ не ги коментираше таквите настани. Тој крaтко изјави дека е најважно сите да се денеска тука за да се присетат на оние што ја дадоа најголемата жртва за слобода.
Во Вуковар е и делегација на Српското народно собрание, предводено од претседателот Милорад Пуповец, кој најави дека ќе положи венец за сите жртви во Вуковар.
Одбележувањето на падот на Вуковар предизвика бројни коментари кај дел од хрватската јавност, а посебно е впечатлива пораката „Не е Вуковар гордост на оваа Хрватска, туку оваа Хрватска е срам за Вуковар“, напишана на еден од хрватските профили на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


