| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешни православни Срби Шумадијци во Ал Каеда

g_sirijaВо оружените судири во Сирија во моментов се ангажирани 60 државјани на Србија, кои како воени платеници се борат на страната на бунтовниците, пишува српскиот весник „Блиц“.

Сите се екстремни следбеници на вехабизмот, а меѓу нив, според податоците на српските безбедносни служби, има неколкумина православни од Шумадија, кои преминале во ислам. Сите се без воено искуство, но со добра обука за користење на сите видови оружје.

„Во Сирија се ангажирани неколку илјади странски борци кои се дојдени од десетина држави за да им се приклучат на бунтовничките сили. Неколку стотини од овие бунтовници се со потекло од Балканот. Од Србија на фронтот во Сирија заминале триесет лица, најголем дел од Нови Пазар, но таму има една група муслимани од Ледина, населба во Нов Белград, како и група преобратени од Шумадија. Тоа се луѓе кои, под влијание на исламските фанатици, од православни преминале во ислам и за кои имаме податоци дека, откако почна војната во Сирија, неколку пат заминале на фронт. Имињата на сите платеници кои заминале во Сирија се познати на безбедносните институции“, вели за „Блиц“ извор упатен во безбедносни случувања во Србија.

Изворот на весникот вели дека движењето на секој што заминал во Сирија се следи и дека се разменуваат податоци со службите од државите во регионот.

„Сите во Сирија се заминати преку Турција, каде што ги чека врска со сириските бунтовнички сили“, вели изворот на „Блиц“ наведувајќи дека уште триесетина државјани на Србија во Сирија заминале од странство, од државите во кои привремено биле на работа“, вели изворот на „Блиц“.

Според изворот, најголем проблем е што платениците се приклучуваат кон вооружените формации кои се поврзуваат со Ал Каеда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top