| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Мос се сликаше за „Плејбој“

Најпознатата манекенка на светот, Кејт Мос ќе им се придружи на списокот славни жени што позирале за познатиот магазин „Плејбој“.

Кејт ќе ја разубави насловната страница на јануарското издание на овој магазин, а ќе биде облечена во карактеристичниот костим на зајачиците на „Плејбој“.

Основачот на магазинот, Хју Хефнер, е воодушевен од тоа што Кејт ќе биде на насловната страница на магазинот со кој ќе се прослават 60 години од првиот број.

– Кејт е светска ѕвезда и икона. Она ја претставува границата меѓу сексуалните фантазии и модел за долна облека. Нашата соработка е потполно логична – рече Хефнер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top