Невреме и торнада однесоа неколку животи во Илиноис, северо-источниот дел на САД. За сега се јавува за шест жртви. Големото невреме проследено со торнада и поројни дождови предизвика и голема материјална штета.
Oд невремето најтешко е погодена областа околу градот Пеорија, каде што неколку помали населби се нашле директно на удар на торнада. Точните податоци за загинатите, повредените и штетите сѐ уште се собираат, но се претпоставува дека најтешкиот удар на невремето поминал.
Невремето проследено со силни ветрови, удари на гром и поројни дождови предизвика и најмалку 11 торнада. Најтешко е погодено гратчето Вашингтон во Илиноис, каде што има еден загинат, а околу 70 куќи биле уништени. Спасувачките екипи морале да интервенираат за да спасат луѓе заробени во нивните подруми. Како последица на невремето, стотици илјади граѓани на Илиноис, Мичиген и Индијана останаа без електрична енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


