| четврток, 6 декември 2018 |

Како Андон Дончевски ги надитри Белгијците: Или химна и знаме, или не играме

doncevski 1

Легендата на македонскиот фудбал Андон Дончевски во интервју за „Република“ раскажува за неговиот најлесен и најтежок натпревар како селектор на македонската репрзентација.

– На ста­ди­о­нот во Крањ, про­тив Сло­ве­ни­ја, има­ше мно­гу на­шин­ци, што ни да­де до­пол­ни­те­лен пот­стрек. Тоа ми е нај­лес­ни­от нат­пре­вар што сум го имал ка­ко тре­нер или се­ле­ктор. Зна­ев­ме за ко­го игра­ме и де­ка тоа е спе­ци­ја­лен мо­мент за фуд­ба­лот во Ма­ке­до­ни­ја. Прв фуд­бал­ски меч за на­ша­та др­жа­ва. Кај ре­пре­зен­та­тив­ци­те го чув­ству­вав ен­ту­зи­јаз­мот што го имав и јас. Оди­граа со мно­гу љу­бов и енер­ги­ја. Ка­ко се­мејс­тво што оче­ку­ва но­во­ро­ден­че. Бев­ме воз­бу­де­ни и за­тоа ус­пе­ав­ме да ја по­бе­ди­ме Сло­ве­ни­ја. По­те­шко ми бе­ше про­тив Бел­ги­ја, на тој зна­ча­ен ден, 16 но­ем­ври 1994 го­ди­на, ни ре­коа де­ка не­ма истак­ну­ва­ње на на­ше­то зна­ме, ни­ту ин­то­ни­ра­ње на на­ша­та хим­на. Бе­ше тен­зич­но. Фуд­ба­ле­ри­те ги за­шти­тив­ме да не зна­ат за проб­ле­ми­те. Дол­го не­мав­ме од­го­вор, до мо­мен­тот ко­га Бел­гиј­ци­те на­ста­пи­ја мно­гу чес­но и ре­коа де­ка и тие не­ма да го истак­нат сво­е­то зна­ме. Прет­ход­но се иска­рав со де­ле­га­тот на нат­пре­ва­рот. Му ре­ков или хим­на или зна­ме, ина­ку не игра­ме. Го пра­шав да ми од­го­во­ри, не са­мо на ме­не, ту­ку и на пуб­ли­ка­та на ста­ди­о­нот „Кон­стант Ван­ден Шток“ во Бри­сел, со ко­го игра Бел­ги­ја. Ми од­го­во­ри  „со ва­ша­та зем­ја“. Но, јас му ре­ков де­ка ние има­ме име и го пра­шав да­ли го знае. Се збу­ни, а по­доц­на се вра­ти со од­го­вор. Ка­жа де­ка мо­же да се ин­то­ни­ра хим­на­та. За нас тоа бе­ше по­до­бра­та ва­ри­јан­та. Зна­ми­ња имав­ме под­го­тве­но прет­ход­но. Око­лу 3-4 ил­ја­ди на­ши на­ви­ва­чи имаа зна­ми­ња кај се­бе. Се свр­тев­ме кон нив при ин­то­ни­ра­ње­то на хим­на­та и та­ка до­бив­ме и зна­ме и хим­на. Во тие окол­но­сти ко­га не мо­жев­ме да го до­би­е­ме и ед­но­то и дру­го­то, си­те за­ед­но по­ста­пив­ме мно­гу итро – вели Дончевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top